Се поставаат нови семафори во градот

22.04.2010 09:26 | KumanovoNews

 На две фрекфенрни раскрсници во градот наскоро ќе се постават семафори. Избрани се фирмите што ќе ја изведуваат работата и веќе се работи на терен.

Се поставаат нови семафори во градот

 На крстосниците на улиците „Гоце Делчев„ и „11 Октомври„  работи фирмата „Електро-софт„ на поставување на столбовите што ќе ја носат светлосната сигнализација. Проектот чини 2,6 милиони  денари- вели Лидија Ланг Спасовска раководител на Секторот за урбанизам и комунални дејности.

На втората раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција„ и улицата „Ѓорче Петров„, кај новиот пазар се вршат последните поготовки.

Причина за поставување на светлосната сигнализација е густината и фрекфентност на сообраќајот во тие делови на градот и голем дел на сообраќајки што се случуваат на овие раскрсници- вели Ланг-Спасовска.

Од Општината апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи во однос на паркирањето за да има ефекти од новите семафори.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk