Се поставува бекатон во повеќе липковски села

27.10.2015 09:44 | KumanovoNews

Се поставува бекатон на улиците во повеќе липковски села и моментално се работи на површина од 10.000 метри квадратни.

Се поставува бекатон во повеќе липковски села

Се работи во селата Лојане, Матејче, Ваксинце, Слупчане, Опае, Липково, Отља, Ропаљце, а ќе започне бекатонирање и во Никуштак и Виштица.

Ќе бидат опфатени повеќе села, и поголеми и помали. Со бекатон ќе биде покриена голема површина од улиците. Овој проект се реализира со средства на општината и граѓаните се задоволни - вели Неџати Османи, секретар во општина Липково.

Од општината додаваат дека од 2009 година досега е поставен бекатон на 30.000 метри квадратни површина. Во меѓувреме се градат и пешачки патеки во Липково, фекална канализација во Никуштак и Отља, се средува Домот на културата во Матејче и игралиште во истото село и низа други проекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk