Се поставува парно греење во училниците во „Соколана“

12.06.2018 11:24 | KumanovoNews

Со јапонска помош се реновира училиштето во „ Соколана“, кое е во состав на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“. 

Се поставува парно греење во училниците во „Соколана“

Проектот предвидува поставување на парно греење, како и замена на дел од старите прозорци со нови, за што е одобрен гранд од 54.000 евра. 

 Од училиштето истакнуваат, дека со реконструкцијата на старата училишна зграда ќе се реши деценискиот проблем,  а осовременувањето на просториите ќе го почуствуваат учениците и вработените од двете училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

„Оваа инвестиција од Амбасадата на Јапонија допринесува за подобрување на хигиената, зголемување на топлотната изолација, а со самото тоа се обезбедуваат подобри услови за престој на учениците и вработените.  Се подобрува и работната атмосфера, се со цел за доброто на децата, за кои училиштето е втор дом“ – истакна Валентина Јанева, професор во одделенска настава и одговерен соработник на училишниот објект.

Инаку, во ова училиште во изминатиот период од 3 години беше обновен системот за електрична инсталација и заменет дел од старите прозорци, сменети старите клупи и столчиња со нови од паричните средства доделени од УСАИД програмата.

  Дисперзираните паралелки во Соколана повеќе од 50 години се затоплуваа на печки на дрва, кои претставуваа голем проблем, бидејќи родителите во зимскиот период реагираа дека не е доволно топло.

(С.Трендевска)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk