Се поставува бекатон на тротоарите во Бедиње

04.03.2025 08:45 | KumanovoNews

Се поставуваат бекатон плочки на тротоар од едната страна на улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње.

Се поставува бекатон на тротоарите во Бедиње

Се поплочува тротоарот од крстосницата со улица Индустриска кон поранешна „Кожара“.

„Започнато е пред најмалку една недела, тротарот веќе е направен во должина од 200- 300 метри, но точната површина ќе ја измериме кога ќе завршат работниците. Планот е да се направи тротоар до објектите на поранешна „Кожара“, но ќе се работи зависно од средствата и материјалите кои моментално ги имаме“, истакна Момчило Јовановски од Сектор за комунални работи.

Изградба на пешачки патеки е едно од неколкуте приоритетни барања на жителите на месната заедница Бедиње. Тие реагираат дека е неопходно изградбата на тротоари и поставување на легнати полицајци, како и почести полициски контроли за регулација на сообраќајот.

Патот води кон селото Режановце и во општина Липково, па има голема фреквенција на возила, се вози невнимателно и брзо што секојдневно претставува опасност за месното население.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk