Се поставуваат подземни контејнери на 7 локации во градот

22.02.2022 10:28 | Сузана Николиќ

На седум локации во поширокото градско подрачје ќе се постават нови контејнери за смет.

Се поставуваат подземни контејнери на 7 локации во градот

Подземни контејнери ќе добијат жителите кај Економскoто училиште, поранешен ЗИК, Пожарната станица, локалитет Табакана, поранешен Вартекс, зад Мај маркет и др.

„Набавени се 15 контејнери, се поставуваат по два на една локација и ќе се монтираат во наредните две недели“, вели директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.

Тој додава дека бенифитите од користењето на овие контејнери, како за нив така и за граѓани се повеќекратни, затоа што се собира поголема количина изнесувањето на сметот се врши само еднаш дневно, со тоа се намалуваат трошоците, а не се создава метеж во сообраќајот.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk