Се пошумуваше околу Градскиот базен и на Студена вода

13.04.2021 19:18 | KumanovoNews

Две пролетни акции за пошумување на јавни површини се организираа изминатите денови во Куманово. Клубот на советнички во неделата садеше дрвца кај спортскиот комплекс Градски базена, а претставници од Општината и АРМ на излетничкото место Студена Вода.

Се пошумуваше околу Градскиот базен и на Студена вода

„Целта ни е да ја подигнеме свеста кај нашите граѓани, да покажеме со личен пример дека секој од нас може да одвои малку време и засади дрво. Со зголемување на шумскиот фонд ќе го подобриме квалитетот на животната средина и нашето севкупно живеење во нашата општина“, кажа претседателката на Советот, Атина Мургашанска.

Во акцијата се вклучија советнички од сите политилки партии, со поддршка на вработените во ЈП „Чистота и зеленило“.

Советничката Анета Шандева, апелираше до граѓаните да ги чуваат засадените садници.  

Втората акција за создавање зелен појас околу градот се одржа на излетничкото место Студена Вода и беше организирана од  Општина Куманово. Во неа се вклучија војниците на АРМ и Главниот штаб на бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) кој е сместен во кумановската касарна.

При тоа беа засадени 30 листопадни, 10 зимзелени, 20 украсни грмушки и 600 садници кои се состојат од бел бор и чемпрес.

 „Ова е само една од многуте акции коишто планираме да ги спроведеме во наредниот период“,  кажа градоначалникот Максим Димитриевски.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk