Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од Техничкото училиште „Наце Буѓони“, денеска го пошумуваа паркот на Спомен костурницата, како дел од еколошката акција „Куманово мој зелен дом“, која има за цел да ја подигне еколошката свест на граѓаните.
Предходно од претставници на локалната власт и невладини организации беше организирана посета во училиштата „Кочо Рацин“ и „Толи Зордумис“.
„Се работи на зголемување на еколошката свест, ние и како ученици и како граѓани да помогнеме во зачувувањето на екологијата и општата хигиена на градот. Денешните активности ќе ги завршиме со пошумување на дел од паркот кај Спомен костурницата, со ученици од техничкото училиште, а садниците се донација на ЈП „Чистота и зеленило“, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Советот на Општина Куманово.
На учениците им беше презентиран електричен автобус, заради промоција на новите форми на мобилност и зачувување на околината.
Еколошка акција е дел од редовни активности на Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk