Се повеќе кумановци користат бесплатна правна помош

20.01.2014 09:55 | KumanovoNews

Невладината организација Национален Ромски Центар, минатата година обезбедила бесплатна правна помош за 402 граѓани.

Се повеќе кумановци користат бесплатна правна помош

Повеќето од нив се жртви на семејно насилство, корисници на социјална помош кои немаат пари да платат адвокат. Тие биле советувани како да ги остварат своите права, а за 14 странки се поднесени барања до Министерството за правда за да добијат адвокат на трошок на државата.

Главно се работи за жртви на семејно насилство, корисници на социјална помош кои немаат средства да поведат постапка за развод, ги бараат правата од работниот однос, и помалку се застапени имотните права. Над 90 отсто се од ромска популација, но ние сме отворени за сите други заедници. Таков ни е таргетот и работата на нашата организација - вели Оливер Митов, координатор на бесплатна правна помош во НРЦ.

Обемот на работа е зголемен во однос на 2012 година и граѓаните се почесто одлучуваат да побараат бесплатни правни совети или застапување на суд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk