Се повлече водата во речните корита, нема опасност од повторни излевања

15.12.2021 14:53 | Сузана Николиќ

Излеаните реки се повлечени, а водостоите на реките се намалени, по обилните врнежи што го зафатија кумановскиот регион и предизвикаа поплавување на земјиштето и околните објекти.

Се повлече водата во речните корита, нема опасност од повторни излевања

„Излеаната вода од Крива Река, во атарот на село Довезенце во текот на вчерашниот ден и ноќта е повлечена во речното корито и протокот на вода се одвива непречено“, соопштуваат од Регионалниот центар за упарвување со кризи (РЦУК) Куманово.

Под контрола е ставена и состојбата на реката Пчиња во селото Пчиња. Во текот на вчерашниот ден биле расчистени гранките што се наоѓале во столбовите на мостот и во моментот нема никакви проблеми. Намалено е и нивото на реките Пчиња во селото Пелинце од 62 на 54см и на Крива Река – Крива Паланка од 28 см на 26 см.

Стабилна е и состојбата со хидроакумолацијата во браните Липково и Глажња. 

Од ЈП Водостопанство Кумановско – Липковско поле информираат дека има доволен простор за прием на вода од водотеците. Моментално браната Глажња има 8.5 милиони м3 вода а може да прими 24 милијони м3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk