Се празнат училиштата во Куманово

30.01.2023 11:47 | Сузана Николиќ

 Се намалува бројот ученици во основните и средни училишта во Куманово. 

Се празнат училиштата во Куманово

Според раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово, Александар Јовановиќ, причина за ваквата состојба тоа е падот на наталитетот, општинска миграција, но највеќе поради иселување на семејставта во странство.

„Во општинските средни училишта во 2020/21 учебна година имавме 4.508 ученика, во 2021/22 4.423 ученика, а во 2022/23 4.126. Ова е показател дека бројот на ученици постојано опаѓа. Овој тренд е присутен во целата држава, а на тоа не е имуно ни Куманово. По најавите дека од април ќе има олеснувања на безвизниот режим во Германија оваа состојба ќе биде уште поаларманта“, кажа раководителот Јовановиќ. 

Намален број на ученици има и во основните училиште во градот. Секоја година се помалку ученици се запишуваат во прво оддление. Во 2020/21 година запишани се 1.208 првачиња, во 2021/22 1.122 ученика, а во 2022/23 1.070. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk