Се пребројува дивечот во ловиштата

18.03.2015 10:13 | KumanovoNews

Во овој период од годината, додека трае забраната за лов на дивеч, ловците од ловечките друштав вршат пребројување на дивеч.

Се пребројува дивечот во ловиштата

“Во март и арпил се врши преборјување на дивечот на терен. Пребројувањето го врши група на ловци. Се евидентира колку дивеч има од секој вид на одредена површина. Ако нема доволен број, ќе треба да се купи дивеч и да се пушти во ловиштето“- вели ловец.

До 2 август трае забрната за лов на дивеч, со исклучок на штетен дивеч како волк и лисица. Ловците кои нема да ја почитуваат забрната за лов, ќе се соочат со ригорозни казни и одземање на ловечкото оружје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk