Се претставил како вработен во туристичка агенција и измамил сограѓанин за 6.000 евра

18.12.2025 21:05 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.Б. (33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Се претставил како вработен во туристичка агенција и измамил сограѓанин за 6.000 евра

„Пријавениот се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице во врска со резервација за летување за две семејства во Турција, во износ од 373.890 денари“, соопштија од МВР.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk