Се претставувал како функционер и мамел за вработувањa

01.11.2012 08:15 | KumanovoNews

 Жител на село Скупчане измамил луѓе од село Ваксинце, претставувајќи се како висок функционер и ветувајќи работа во државни институции.

Се претставувал како функционер и мамел за вработувањa

Од август 2011 до јануари 2012 година, К.А.(44) излажал две лица од Ваксинце дека е висок функционер и рекол дека ќе ги вработи во МВР и други државни институции.

Во девет наврати од измамените земал 6.950 евра. К.А. ќе одговара за кривично дело “измама“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk