Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, кај село Псача денеска напладне се превртел камион-сканиа.
Според податоците од СВР Куманово, со товарното моторно возило управувал М.С. (57), а сообраќајната незгода е пријавена кај нив во 12.20 часот.
Движејќи се во правец од Крива Паланка кон Куманово, од засега непознати причини возачот изгубил контрола и излетал од патот, при што дошло до превртување на возилото, информираат од СВР Куманово.
Полицијата врши увид и работи на утврдување на причините за незгодата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk