Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во селото Лојане, откако со автомобил излетале од патот.
Несереќата се случила вчера во 3 часот по полноќ на регионалниот пат Куманово-с.Лојане, кога В.И.(22) од липковското село Лојане, управувајќи ПМВ „Сеат Толедо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата В.И. и сопатникот Ј.З.(19) од с.Лојане, се здобиле со тешки телесни повреди. Во општата болница Куманово им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите В.И. бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk