Се преврте турски автобус во Куманово, трoјца повредени

17.06.2021 15:49 | KumanovoNews

Турски автобус полн со патници попладнево се превртел на раскрсницата на автопатот Куманово- Белград, во населбата Долно Којнаре.

Се преврте турски автобус во Куманово, трoјца повредени

Според очевидци автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот  и се превртел.

Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.

„Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.

На лице место е увидна полициска екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk