Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во близина на с. Орах, вчера околу 7 часот, поради снег на коловозот и од невнимание се превртело и слетало од коловозот патничко моторно возило со скопска регистрација.
Во несреќата е предизвикана е матерјална штета, а патниците во автомобилот поминале со полесни повреди.
Екипа од ТППЕ Куманово учествувале на вадење на колата од каналот со едно возило и 4 пожарникари.
Од станицата за Итна медицинска помош-Куманово, информираат дека вчера во 15.35 часот, се случила сообраќајна несреќа на автопатот Романовце- Скопје, при што едно лице се здобило со потешки повреди и префрлено е на лекување на Скопските клиники, додека 4 лица се полесно повредени и сместени на хируршкото одделние во Кумановската болница.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk