Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е потешко повредено и задржано на лекување во Кумановската болница, откако со автомобил удрил во ограда и се превртел.
Сообраќајната несреќа се случила попладнево околу 17 часот на улицата ЈНА, која води кон поранешната фабрика ЧИК, кога У.И.(25) со возило крајслер со гостиварски регистарски ознаки се движел од центарот кон периферијата на Куманово, по што изгубил контрола, се превртел и удрил во ограда од куќа.
Возачот е повреден и пренесен во општата болница Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност.
Очевидци на настанот кажуваат дека случајни минувачи го извадиле повредениот од колата, кој потоа со Брза помош бил пренесен во болница. На помош дошла и противпожарната единица од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk