Се пролонгира отворањето на базените

08.07.2016 10:15 | KumanovoNews

Отворениот и затворен базен, наместо на 15 јули, ќе се пуштат во употреба на 2 Август.

Се пролонгира отворањето на базените

Градоначалникот Зоран Дамјановски, тоа го соопшти пред советниците расправајќи по точка кој ќе стопанисува со базенот.

„Јас мислам дека ќе бидат завршени сите градежни активности, како и технички преим на базенот, по што некаде околу големиот празник Илинден ќе бидат пуштени во употреба. Реално затворениот базен ќе започне со работа по 1 септември, додека отворениот базен ќе работи околу 1 до 2 месеци, - рече Дамјановски.

Инаку отварањето на базенот се пролонгира по втор пат. Првпат беше најавено отворање на 25 мај.

Отворениот базен е со капацитет за околу 200 лица, исто колку и затворениот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk