Се проширува мостот во населбата Карпош

19.05.2017 14:34 | KumanovoNews

 Во тек е изградбата на мостот во населбата Карпош.

Се проширува мостот во населбата Карпош

Според најавата на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, покрај проширување на мостот, ќе се асфалтира и улицата а ќе се изградат и тротоари за непречено движење на пешаците.

„Се отпочна со бетонирање и поставување на темелите на мостот. Ќе се прошират тротоарите и ќе се изгради асфалтира улица во должина од 250 метри. Ќе се прошири и коритото на оваа суводолина за да се заштити од поплави, а исто така ќе имаме и атмосферски решетки за собирање на вода од улицата „100“,- изјави градоначалникот.

 Проектот чини 9,1 милиони денари, а планирано е да се заврши во наредните 2,5 месеца.

„Со новата учебна година ќе обезбедиме безбедно движење на учениците по тротоарите, бидејќи тоа беше најчестото барање на родителите и училиштето, заради тесното грло на мостот. Со тоа ќе го затвориме овој проблем кој е еден од главните на населението од населбата Карпош – додаде Дамјановски.

Градоначалникот најави во текот не летото и реконструкција на улицата „100“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk