Се расчистуваат патиштата до завеаните села

30.12.2014 10:45 | KumanovoNews

Се расчистуваат патиштата до завеаните села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Се расчистуваат патиштата до завеаните села

Од Регионалниот центар за управување со кризи тврдат дека во текот на денот или најдоцна утре сите ќе бидат проодни.

По магистралните, регионални и локални патишта поради остатоци од снег сообраќајот се одвива бавно по влажни коловози. Се расчистуваат од снег патиштата кон селата Косматац, Мургаш, Живиње, Брзак, Карабичане, Кутлибег и Сушево.

Патот меѓу селата Драгоманце и Арбанашко го одржува Македонија пат и останува да се исчисти уште 1,5 км. Патиштата до сите планински села во општина Старо Нагоричане утре ќе бидат проодни. Во општина Липково се чистат коловозите кон селата Никуштак, Опае, Матејче и други села.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk