Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се разгледува можноста да се скрати времетраењето на полицискиот час, најави министерот за здравство Венко Филипче. Министерсвото за здравство и Комисијата за заразни болести овој предлогот ќе го достават до Владата, по што ќе се одлучи од кога ќе се применува.
Полицискиот час во работните денови ќе трае од 19 до 5 часот наутро, а за време на викенд од сабота во 13 часот до понеделник наутро. За возрасните граѓани ќе се продолжи времето на движење од 8 до 12 часот, а на младите лица до 18 години, од 13 до 16 часот. Остануваат на сила мерките за забрането групирање на повеќе од 2 лица, и задолжително држење на растојание од 2 метри.
- Најновите анализи и проекции покажуваат дека се создадени услови за благо релаксирање на рестрикциите за движење, но на сметка на подигање на мерките за лична заштита. Согласно овие анализи Министертсвото за здравство и Комисијата за заразни болести доставија до Владата предлог измени во мерките за ограничување и воведување на нови мерки. Овие мерки ќе допринесат луѓето порастеретено да се движат и да можат да ги завршат сите обврски во текот на денот, - рече Филипче.
Покрај скратување на полицискиот час се предлага граѓаните од цела територија на државата, а не само во Куманово, Прилеп и Тетово, да носат заштитни маски или марам кога се во затворен простор, но и на отворен простор кога не може да се одржува 2 метри растојание. Тоа значи дека носење маски задолжително ќе бидат и при одењето на пазар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk