Се реализира проектот „Активно граѓанство за меѓуетничка соработка“

15.11.2010 14:33 | KumanovoNews

 Во рамки на  проктот “ Активно граѓанство за меѓуетничка соработка“, што почна да се имплементира пред еден месец од страна на Центарот за Меѓукултурен дијалог во Куманово, започнаа да се одвиваат и работните состаноци за секоја група оделно.

Се реализира проектот „Активно граѓанство за меѓуетничка соработка“

 Советници, членови на Комисијата за односи меѓу заедниците, како и претставници од НВО и институции поделени во четири работни групи: образование, млади и спорт, религија, култура и невработеност и социјални прашања ќе одржат работни состаноци со цел да работат на мапирање и утврдување на проблемите од прерцепција на различни профили на луѓе.

Исто така беше одржана и обука на тема мултикултурализам во спортско-рекреативниот центар Пeлинце, каде учесниците имаа можност отворено да дискутираат на теми од мултикултурниот живот во Куманово и да разговаарат за подобрување на истите. Оваа обука има за цел да се подигне свеста за интеретничките односи на индивидуално ниво.

До крај на годината работните групи треба да посетат уште две обуки, меѓу кои и обука како да направат проект и како да дојдат до потенцијални донатори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk