Се реконструира патот Војник-Бајловце

04.11.2011 15:17 | KumanovoNews

 Денеска започна реконструкција на локалниот пат Војник - Бајловце, во должина од 4 километри.

Се реконструира патот Војник-Бајловце

Реконструкција на патот е дел општинската програма за изградба на патишта, а сретствата ги обезбедила Владата.

Со оваа реконструкција на патот ќе се решат децениските проблеми на жителите од овој крај, кои имаа голем проблем со патната комуникација со нашата и соседните општини. Истовремено се работи и на уште неколку патни правци во општината се со цел да се подобри квалитетот на инфраструктурата и целокупното живеење на жителите. Изградбата на патиштата значи нов почеток и поголем развој во овој дел на општината Старо Нагоричане- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

 Изведувач на работа е „Алпина“ од Скопје, а инвеститор е Агенција за патишта.  Патот треба да биде завршен за 30 дена.    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk