Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интензивно се работи на реконструкција на училишната зграда и спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.
Како што информираат од Општина Куманово во тек се градежни активности на поставување на нова енергетско ефикасна фасада и се врши замена на покривната површина и се поставува нова изолација.
„Се врши реконструкција во училишната спортска сала каде се поставува нова гумирана подлога, а следува и обнова на ѕидни површини и спортските реквизити. Во училниците се врши молерисување и поставување на ново ЛЕД осветлување. Извршена е замена на старите прозорци во училниците, училишните ходници и административни простории со нови прозорци со термопан стакла“, рече градоначалникот Максим Димитриевски.
И покрај зафатот непречено се изведува наставата во училишниот објект. Училишната зграда на гиманзијата е изградена во средината на 40-тите години од минатиот век.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk