Се реконструира училиштето во Умин Дол

17.01.2022 10:30 | Жаклина Цветковска

Минатата недела започна реконструкција на училишната зграда на ООУ „Карпош“, во кумановското село Умин Дол.

Се реконструира училиштето во Умин Дол

Со реконструкцијата се опфатени покривот, подовите и тоалетите, ќе се заменат прозорците и вратите, а ќе се изгради и нов систем за парно греење на пелети. Објектот ќе добие енергетски ефикасна фасада, нова водоводна инсталација, но и адаптација на санитарните јазли и пристапни рампи за ученици со попреченост.

 „Целосно ќе се подобрат условите за настава на учениците и за работа на наставниците. Повеќе нема да се плашиме дека ќе ни е ладно или ќе ни падне ѕидот. Ќе добиеме и нов инвентар, нови клупи, столчиња, табли“, вели директорката Тања Тодоровска. 

Реконструкцијата треба да заврши за 4 месеци, поради што се чека одобрение од Министертството за образование во второтот полугодие наставата да се изведува онлајн и во подрачното училиште во Љубодраг.
  
Обезбедувањето на поквалитетни услови за наставо во училиштето во Умин Дол се реализира во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“, со поддршка на Министерството за образование и Општина Куманово.

Основното училиште „Карпош“ е деветгодишно и во него моментално има 131 ученик од прво до деветто одделение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk