Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна реконструкцијата на улицата „300“ во населбата Ајдучка чешма, која ќе чини 180 илјади евра, средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.
Улицата е во должина од 760 метри, со пет метри широчина, со рабници и тротоари. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска ја посети локацијата каде што се изведуваат градежните работи.
„Работата се одвива со предвидената динамика, она што сакам да го најавам е дека во координација со барањата на граѓаните работиме на усогласување на проектот согласно нивните барања. Од проектната документација на дел од улицата каде што широчината е 4,5 метри работиме на можноста за проширување на 5 метри и поставување на тротоари секако од двете страни. Јас ви гарантирам дека кога ќе биде готова ќе кажете ова е најдобрата улица во Куманово, бидејќи сум поминал 180 вакви улици, знам дека тоа што ќе биде направено ќе биде трајно и ќе го користите со години“, истакна министерот Бочварски пред жителите.
Изведувачот на работите најави дека проектот за околу еден месец ќе биде во завршна фаза. Досега се реализирани 180 улици низ цела Македонија во над 60 општини.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk