Се реконструираат тоалетите во училиштето „Вук Караџиќ“

16.03.2022 15:29 | Сузана Николиќ

 Општина Куманово започна со реконструкција на тоалетите во Основното училиште „Вук Караџиќ“, а проектот вклучува и нова влезна врата на училишниот двор.

Се реконструираат тоалетите во училиштето „Вук Караџиќ“

Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека во иднина се планира поставување на нова енергетско ефикасна фасада на училишниот објект, откако предходно се реализирани повеќе проекти.
 
„Изградено е ново мултиспорт игралиште со тартан подлога, голови, кошеви и трибини во училишниот двор. Заменети се сите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци на целиот училишен објект и целосно беше реконструиран кровот на училиштето. Го враќаме сјајот на училиштата во Куманово, за подобри услови на идните генерации“, кажа Димитриевски.

Во моментот се работи и во средните училишта „Перо Наков“, „Киро Бурназ“, Гимназијата „Гоце Делчев“, училиштето во Умин Дол и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk