Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се реконструираат тротоарите во централното градско подрачје во Куманово, информираат од секторот за урбанизам во општината.
Реконструкцијата стартуваше на едната страна на тротоарите на улицата „Народна Револуција“ од влезот на булеварот „Трета МУБ“, па се до зградата на поранешен комитет. Ќе бидат опфатени 3.400 метри квадратни површина од кои 2.850 се тротоари, а 552 квадрати е асфалт меѓу зградите на оваа локација.
Реконструкцијата веќе е во тек последниве два дена. Се надеваме дека градежните активности, согласно временските услови ќе завршат за помалку од еден месец - кажа Момчило Јовановски, помошник раководител во секторот за урбанизам во општина Куманово.
Работите ги изведува компанија од Липково, а за реконструкцијата на тротоарите во градот ќе бидат потрошени 4.375.000 денари од општинскиот буџет. Следен за реконструкција е тротоарот пред основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk