Се реконструраат уличките пред зградите на локалитет „Водовод“

18.06.2020 09:40 | KumanovoNews

Бекатон плочки ќе се постават на уличките помеѓу зградите на улиците „Октомвриска револуција“ и „Доне Божинов“, на локалитетот „Водовод“.

Се реконструраат уличките пред зградите на локалитет „Водовод“

Во должина од 258 метри, а проектот чини 3.6 милиони денари од буџетот на Општина Куманово.

„Согласно програмата за реконструкција на стамбени улици, ќе се реконструираат 5 краци на улицата. Реконструкцијата предвидува поставување на бекатон плочки и рабници, како и делумно  решавање на атмосферската канализација. Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем со каливите улици и проблемот со водата при обилните дождви“, вели Момчило Јовановски, помошник рaководител на Сектор за комунални работи,инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата.

Градежните работи започнаа минатата недела, а динамиката ќе зависи од тоа дали ќе се јават технички проблеми со подземната инфраструктура или работите ќе се одвиваат непречено.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk