Се реновира црквата Света Троица

25.05.2015 09:41 | KumanovoNews

 Се реновира камбанаријата во црквата Света Троица, по што ќе се работи на фасадата и внатрешниот дел на овој верски храм.

Се реновира црквата Света Троица

Од Кумановско-осоговска епархија објаснуваат дела долги години оваа црква не е реновирана, а тоа е неопходно за да се пречи проширувањето на влагата. Во најскоро време црквата ќе се гасифицира.

“Се што ќе има потреба, ќе се отстрани за да може многу наредни години да трае. Ќе се работи најнапред од надвор, потоа од внатре. Цревата за гасификација се поставени и се надеваме со божја помош, оваа зима да се грееме на гас. Мајсторите работат напорно, а ова се прави не само колку да се замачка нешто, туку и да трае. Ваков тип на санација немало откако е изградена црквата“ - изјави отец Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско-осоговска епархија.

Од епархијата објаснуваат дека при крај е изградбата на црквата во населба Карпош, по што ќе биде ставен камен темелник за изградба на црква во населбата Перо Чичо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk