Се реновира фасадата на осмокатницата

26.05.2016 13:03 | KumanovoNews

 Започна обновувањето на фасадата на осмокатницата на Градскиот плоштад во Куманово.

Се реновира фасадата на осмокатницата

Проектот за енергетска ефикасност чини 40.000 евра, а се реализира во соработка на општината Куманово, невладината организација Хабитат Македонија и станарите.

„Општината партиципира со 20 проценти или околу 8000 евра од вкупна цена. Тоа е наша поддршка на станарите. Работата ќе биде завршена најдоцна за 30 денови. Суштината на проектот е што ќе има заштеда на електрична енергија или на кој било енергенс во домовите, - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Фасадата ќе се врати во состојба како што изгледала кога е изградена, по сите стандарди на енергетска ефикасност.

 „Се работи за специфичен проект каде што во инвестицијата партиципираат станарите и општината, а средствата на станарите се обезбедени преку заем од Хабитат. Партиципацијата е со многу ниска камата. Рокот на отплата е долг и ратата е доволно ниска за да можат тоа да си го дозволат станарите, - изјави Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија.

Во зградата живеат 32 семејства и тие го изразија своето задоволство од проектот. Како што ни кажаа нивната рата за враќање на кредитот на Хабитат изнесува околу 500 денари месечно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk