Се реновира Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

06.11.2014 10:20 | KumanovoNews

Се санира покривот и се заменуваат плочките пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Се реновира Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

За реализација на овој проект средства се обезбедени од Министерството за култура.

“Ќе се заменат плочки на 530 квадрати површина. Работите се почнати пред недела дена и се надеваме дека до Нова година реновирањето ќе биде завршено“ - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

Меморијалниот центар  АСНОМ е културно-историски објект посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Комплексот се наоѓа покрај реката Пчиња во Пелинце на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, - манастирот Св. Прохор Пчински.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk