Се реновира третиот кат во Здравствен дом

15.12.2015 14:09 | KumanovoNews

Во Здравствен дом Куманово се реновира третиот кат каде е административниот дел на установата.

Се реновира третиот кат во Здравствен дом

Се заменува подот, се варосуваат просториите, а во ходникот ќе бидат поставени плочки. Реновирањето се реализира со средства од буџетот на Здравствен дом во висина од 463.750 денари.

Паркетот беше стар повеќе од 40 години. Тој е изваден, поставени се нови цементни кошуљици и завршно е поставено пластифицирање на подот. Во исто време е направено бојадисување на радијатори, варосување на просториите и завршно во ходникот ќе бидат поставени плочки, цел кат на тој начин ќе биде реновиран - изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.

Реновирањето треба да заврши до Нова година,  со што условите за работа ќе бидат подобрени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk