Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради реконструкција на зградата во која што се смесени Итна помош, Домашна посета и Итна стоматолошка заштита, службите се преселени во други објекти.
Тоа доведе до збунетост на пациентите, кои не знаат каде да побараат здравствена заштита во ноќните часови, празниците и за време на викенд.
„Домашната посета и ноќната амбуланта се дислоцирани во дворот на Општа болница Куманово, спроти одделот за невропсихијатрија. Итната помош привремено е преселена во Здравствен дом Куманово т.н. Уред на вториот кат, а итната стоматолошка помош во Школската амбуланта. Но, до крајот на февруари се очекува да завршат сите градежни и реконструктивни зафати, и службите ќе се вратат во своите матични простории“, вели Ваљдрим Мифтари, од Здравствен дом Куманово.
Реконструкцијата на зградата започнала во втората половина на октомври, а надлежните тврдат дека ги информирале граѓаните со соопштение на вратите на објектот, како и преку социјалните мрежи и медиумите.
(фото. архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk