Се реновираат подови во Здравствениот дом Куманово

12.08.2015 15:11 | KumanovoNews

Во Здравствен дом Куманово се реновираат подовите на третиот кат.

Се реновираат подови во Здравствениот дом Куманово

Директорот Миомир Панковски објаснува дека долги години подовите не биле заменети и ова реновирање е повеќе од потребно.

“Се реновира подот на третиот кат каде е сместена администрацијата. Овој под е стар повеќе од 40 години, изработен од паркет кој со тек на време се истроши и решивме да го замениме со пластична подлога. Во тек е изработка на цементни кошулици, а потоа ќе преминеме на пластичните фолии, а ходникот ќе биде реновиран со нови плочки“-вели Панковски.

Во меѓувреме се варосуваат сите простории, а доколку установата следниот месец добие одобрување за јапонска донација, и прозорците ќе бидат заменети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk