Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се реновираат Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот за социјални работи во Куманово.
Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Европската Унија обезбеди 1,5 милион денари за создавање на подобри работни и услови за престој на штитеницита и вработените во домот.
„Најголемото реновирање е во дневниот центар каде што имаме извршено промена на подот на старите прозорци, фасадата, уредување на тоалетите во дневниот центар и молерско- фарбарски работи кои се уште траат,- изјави Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи.
Реновирањето на дневниот центар трае веќе триесетина дена, а дел од 26-те корисници на услугите престојуваат во „ Порака наша“. Надлежните очекуваат дека за две недели корисниците ќе можат да се вратат во центарот и во подобри услови ќе продолжат со едукацијата и работните активности.
Истовремено се работи и на реновирање на Центарот за социјална работа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk