Се реставрира црквата „Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

21.08.2016 12:34 | KumanovoNews

Интензивно се работи на конзервација и реставрација на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во селото Младо Нагоричане, која е споменик на културата од 16 век.

Се реставрира црквата „Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

„Конзервацијата и реставрацијата на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвива во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во моментов ги реализираат активностите за консолидацијата на архитектонско-конструктивниот склоп на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување. Според усвоената динамика, се предвидува целосната реализација на проектот кој се однесува на архитектурата на црквата и нејзиното непосредно опкружување, да биде реализиран до крајот на годината. Потоа ќе бидат предложени мерки на заштита на фрескоживописот“,- се вели во соопштението од Министерството за култура.

Претходно на овој сакрален објект било извршено зацврстување на конструктивниот систем, на покривот, а била извршена и санација на фасадите и потпорните ѕидови околу црквата.

Црквата „Св. Горѓи Победоносец“ е трокорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална гробишна црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи, како една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk