Се самоубил убиецот на мајката и ќерка во Ајдучка Чешма

24.12.2010 11:52 | KumanovoNews

 И.П. (22) од селото Дренак, кој го изврши двојното убиство во населбата Ајдучка Чешма се самоубил.

Се самоубил убиецот на мајката и ќерка во Ајдучка Чешма

 Полицијата утринава го нашла во една од нивите во близина на куќата на убиените со прострелна рана во главата.  И.П. вчера во попладневните часови со неколку куршуми од пиштол ја убил неговата братучетка Сузана Лазаревска затоа што не му дозволувала да биде во љубовна врска со  нејзината ќерка Даниела. На убиството најверојатно му предходела расправија поради што тој посегнал по животот на двете жени, а подоцна си пресудил и на него. Полицијата сеуште не излегува со официјални информации за целиот случај.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk