Се самоубила на својот роденден

12.04.2010 07:49 | KumanovoNews

Гордана Колешовска (40) се самоубила вчера напладне скокајќи од петти кат од зградата во која живеела спроти Градската болница. Таа се фрлила од прозорец на станот и паднала на тротоарот пред зградата.

Се самоубила на својот роденден

Полицијата направи увид на местото на несреќата. Соседите на 40-годишната жена вчера беа шокирани од настанот.

Со Гордана сме соседи од деца. Во станот живееше со сестра и откако им починаа родителите. Таа имаше здравствени проблеми, сестра и никаде не ја пушташе сама. Незнам како се случи оваа трагедија. Станот беше заклучан и со полицијата влеговме, откако ја скршивме влезната врата. До прозорецот се наоѓаше креветот на кој се поткачила и скокнала. Сестра и не е дома и чекаме да се врати за да и ја соопштиме страшната вест- вели соседот Беким Сваир.

 Гордана имаше сериозни здравствени проблеми и често се шеташе по улиците и самата си зборуваше и плачеше. И нејзината мајка се самоубила пред повеќе години. Неофицијално дознаваме дека на Гордана вчера и бил роденден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk