Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тек е санација на фасадата на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, која пред околу две недели беше оштетена од невреме и беше предмет на политички прекувања помеѓу опозицијата и локалната власт.
„Согласно гарантниот рок и законот за градење, од страна на изведувачот се врши санација на оштетувањето на јужната фасада на Ученичкиот Дом „Професор Мијалковиќ“, кое настана на 01 април годинава, поради невреме кое ја зафати територијата на Општина Куманово“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
Ученичкиот дом беше целосно реконструиран пред една и пол година преку проектот “Социјална инклузија на деца од рурални средини, жртви на семејно насилство и жртви на поплави и пожари”, со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Како инвеститор се јавува Центарот за развој на СИПР, изведувач беше СОЛАС-ЕКС ИМ – Скопје, а надзор МБМ Архитекти.
По оштетувањето на фасадата , од СДСМ од Куманово побара одговорност за направена штета и ги повика МВР и Јавното обвинителство да покренат постапки за одговорноста за рушењето на фасадата, да се провери договорот, понудата на изведувачот, адаптацијата, проектната документација и надзор на работите.
Општина Куманово ги отфрли сите сомнежи за нестручно и неодговорно градење, истанувајќи дека при реализацијата на проектот сите постапки се спроведени во согласност со законските процедури и дека веќе е извршен увид, а штетата ќе биде санирана од страна на изведувачот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk