Се санираат штетите во поплавените подрачја

28.12.2010 15:54 | KumanovoNews

 Десетина дена екипи од ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ работат на расчистување на поплавените терени во селата Довезенце, Јачинце, Бељакове и Клечовце, како и на речните корита  реките Пчиња, Крива, Петрошница и Живуша.

 
Се санираат штетите во поплавените подрачја

 Работевме на санирање на мостот во селото Бељаковце кој досега не можеше да се користи од жителите, а истовремено ги расчистивме и пристапните патишта во тој дел од селото.Деновиве  се интервенира на расчистува патот кој ги поврзува старо и ново Довезенце и се зајакнуваат бедемските ѕидови на коритото.Истовремено се пренасочува реката Живувуша кон Крива река, а во селото Јачинце се проширува коритото.Наши екипи беа и на реката Петрошница од мостот до селото Стрезовце - вели Горан Стојановски, раководител во ргионалниот центар за справување со кризи.

Работата треба целосно да се завршат до средината на јануари доколку дозволат временските услови. Расчистувањето на поплавените подрачја се вршат според Акциониот плат за одржување на речните корита на Владата, а во соработка со Кризниот штаб составен од претставници на  Дирекцијата за заштита и спасување, Дирекцијата за справување со кризи, Водостопанство и месното население.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk