Се сечат дрвајата во речното корито кај Средорек

25.11.2014 15:05 | KumanovoNews

Започнаа активностите за чистењето на речното корито на Кумановка, кај локалитетот “Водовод“ во населбата Средорек.

Се сечат дрвајата во речното корито кај Средорек

Екипи од ЈП Водовод и Шумско стопанство, ги сечат дрвјата во самото речно корито, а утре ќе се изнесуваат трупците со тешка механизација. Со тоа ќе се отстранат препреките кои беа причина за последното излевање на водите од реките,- вели Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.

На седница на регионалниот кризен штаб беше одлучено веднаш штом ќе се повлече водата, да се расчистат коритата од зараснатите дрвја и жбунови, а потоа и да се прошират, за да се избегант евентуални нови поплави ако има обилни врнежи од дожд.

                             (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk