Се скарал со соседот па пукал со пушка, полицијата го привела

19.05.2020 11:35 | KumanovoNews

 Жител на Слупчане испукал еден проектил од автоматска пушка во воздух, откако се скарал со соседот. По пукањето тој бил приведен, а оружјето му било одземено.

Се скарал со соседот па пукал со пушка, полицијата го привела

Вчера околу 19.30 во СВР Куманово било пријавено дека во село Слупчане, липковско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што била пронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk