Се скарале па се обидел да го убие

01.11.2017 12:40 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.К.(23) од Арачиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело убиство во обид.

Се скарале па се обидел да го убие

На 03. јули годинава околу 23.40 часот на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово, по претходна вербална расправија со М.Б.(23) од Куманово, пријавениот од пиштол испукал еден куршум во воздух, а потоа го вперил пиштолот кон М.Б.

Додека М.Б.се обидувал да избега, А.К. испукал уште пет куршуми. После тоа, со возило побегнал од местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk