Се слави Денот на македонската револуционерна борба

23.10.2011 10:36 | KumanovoNews

 Република Македонија денес го одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

Се слави Денот на македонската револуционерна борба

 На 23 октомври во  1893 година   во Солун  била  формирана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВМРО, а овој датум се одбележува  како Ден на македонската револуционерна борба.

Македонија годинава по пети  пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

 Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење  кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ  резултира со создавање  модерна самостојна македонска држава.

По повод празникот во Собранието на Р. Македонија  денеска ќе биде врачена наградата „23-ти Октомври“. Добитници на наградата за 2011 година се проф. Д-р Томе Неновски,  во областа на науката и образованието, додека во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на писателот Паскал Гилевски и Коле Манев, ликовен уметник.

По тој повод општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утревечер ќе одржи свечена Академија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk