Се собираат потписи за Ангелов и Ванковска

21.02.2014 10:20 | KumanovoNews

Во Државна изборна комисија  во Куманово, за претседателска кандидатура на Стојанче Ангелов од “Достоинство“ се потпишале 90 граѓани, а за професорката Билјана Ванковска 55 граѓани.

Се собираат потписи за Ангелов и Ванковска

Универзитетскиот професор Хисен Исмаили засега нема ниту еден потпис, а кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски 10.000 потписи собра за два дена.

За увид во избирачкиот список има многу слаб интерес бидејќи и лани имаше избори и повеќето граѓани направиле проверка. Младите електронски проверуваат дали ги има во избирачкиот список - вели Момчило Димковски, раководител на ДИК Куманово.

Граѓаните потпис за кандидатите можат да дадат секој ден од 8.30 до 19 часот до 2 март.

Увидов во избирачкиот список ќе трае до 7 март.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk