Се создава дива депонија на влезот на Режановце

24.01.2018 08:51 | KumanovoNews

Дива депонија се создава на влезот на селото Режановце во коритото на Липковка река.

Се создава дива депонија на влезот на Режановце

Жителите на овој дел од Општина Куманово апелираат до надлежните да излезат на терен и да ги санкционираат луѓето кои ја уништуваат животната средина.

„Секојдневно со камиони и приколки истураат смет и шут во коритото на реката. Покрај тоа што се загадува животната средина, се стеснува и коритото, и со тоа се зголемува опасноста од поплави. Ние жителите од селото немаме начин да се справиме со овој проблем, затоа апелираме до инспекциските служби да ни помогнат“, - вели наш сограѓанин, кој ни испрати фотографии.

Тој додава дека вечера од камион бил исфрлен смет покрај патот што води кон Режановце, а тоа се случува секојдневно, главно од жителите од околните села, но и луѓе од населбата Бедиње, кои фрлаат се што ќе стигнат долж реката.   


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk