Се создава нова дива депонија - градежен шут и отпад се фрла кај Живкова карпа

09.01.2020 07:59 | KumanovoNews

 Градежен шут, цигли, земја и бетонски плочи е само дел од отпадот што граѓаните го фрлаат во близина на м.в. Живкова карпа, над населбата Проевце.

Се создава нова дива депонија - градежен шут и отпад се фрла кај Живкова карпа

Граѓани коишто ни ги испратија фотографиите бараат надлежните да го спречат создавањето на уште една дива депонија во околината на Куманово.

- Сакам да види кумановската јавност што се случува на периферијата на градот. Оваа локација е на Живкова карпа, каде што се наоѓа репетиторот. Секојдневно со камиони и приколки по патот покрај воените магацини се носи сметот. Мислам дека на репетиторот има камери и ги упатувам надлежните да видат кој ја создава депонијата, - вели М.Б.

Во Куманово редовна практика е да се создаваат диви депонии на секоја слободна површина. Неодамна граѓани апелираа дека сопственици на мото култуватори исфрлаат ѓубре во населбата „Перо Чичо“. Дивата депонија на влезот од оваа населба досега е многупати чистена, но безуспешно.  Овие случаи само ја потврдуваат негрижата на граѓаните за животната средина и хигиената во градот, а сите се согласни дека ќе се реши само доколку дебело се казнат оние коишто го прекршуваат законот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk