Се спукале поради невеста бегалка

03.09.2013 12:37 | KumanovoNews

 Арачиновец пукал во дворот на своите сватови во селото Никуштак, затоа што ќерка му без дозвола се омажила за нивниот син.

Се спукале поради невеста бегалка

Инцидентот се случил минатиот месец, кога Р.А.(50) заедно со уште пет негови пријатели отишол во дворот на А.И.(23) каде била неговата ќерка А.А.(20), која избегала од дома за да живее со А.И.. Тогаш започнале расправија која прераснала во физичка пресметка, по што еден од неповиканите гости извадил пиштол и испукал неколку куршуми кои го оштетиле стаклото во ходникот.

Арачиновците ќе одговараат за “предивикување општа опасност“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk